top of page
Search

Јавен повик за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари, за одгледување на земјоделски култури, аквакултура или рурален туризам



Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денес на ден 28.12.2024 година објавуви Јавен повик бр.01/2 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.

                                                                                                                                                                      

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за следниве региони и катастарски општини:

- Гази Баба: КО Маџари, КО Катланово, КО Трубарево, КО Орешани, КО Бунарџик, КО Бадар, КО Огњанци, КО Р’жаничино, КО Бујковци, КО Ајватовци, КО Арачиново, КО Илинден, КО Илинден-вонград, КО Синѓелиќ 3, КО Инџиково-вонград;

- Струмица: КО Ново Село, КО Ново Село-вон град, КО Ангелци;

- Пехчево: КО Пехчево;

- Кисела Вода:КО Студеничани; КО Студеничани-вон град, КО Таор, КО Морани;

-Гевгелија: КО Богданци;

- Чаир: КО Бутел, КО Чаир;

- Валандово: КО Дедели;

- Куманово: КО Студена Бара;

- Радовиш: КО Погулево, КО Ињево, КО Ињево-вон град;

-Штип: КО Таринци.

Предмет на постапката од на овој јавен повик може да земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, или над кое има насад кој не е подигнат од страна на поранешен корисник на земјоделското земјиште во државна сопственост кој користењето го имал врз основа на склучен договор, акт на орган на државната управа или единица на локалната самоуправа или судска одлука врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.

 

МАКСИМАЛНА ПОВРШИНА

Максималната површина за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе или дел од катастарска парцела) е до 30 хектари.

 

НАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАКУПОТ

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за:

-              одгледување на земјоделски култури, аквакултура или рурален туризам, за периодот до 30 години;

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Право на учество на јавниот повик имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот повик и можат да достават само една понуда за учество.

Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е приоритетна дејност.

Странските правни лица, имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружници во Република Северна Македонија.


ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Понудите со поднесуваат во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија.


За сите останати информации околу потребната документација и подготовката на бизнис план, обратете се кај наште консултанти,

на телефонските броеви:

071/381-453

077/986-889

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page