top of page
Search

Грант во висина од 1.500 000 евра за производителите и преработувачите на храна од растително и животинско потекло - Наскоро НОВ јавен повик за МЕРКА 3 од ИПАРД 3 програмата


Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој на 10.10.2025 година, официјално го најави Јавниот повик 02/2025 објави од ИПАРД III програмата  за Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И РИБНИ ПРОИЗВОДИ.

Во продолжение прочитајте повеќе за кого е наменета оваа мерка, кои приоритетни сектори ги опфаќа и колкава може да биде вредноста на инвестицијата.


КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК


1. Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250вработени и годишен обрт до 50 милиони евра.

2. Задруги.Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваатпомалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може дабидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели заинвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантнитестандарди на ЕУ.


ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ

-Преработка на млеко и млечни производи;

-Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);

-Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозникултури);

– Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;

– Растителни и животински масти и масла;

– Шира, вино и оцет;

– Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително иживотинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.


ВИСИНА НА ПОДДРШКАТА

  • Минималните вкупни прифатливи расходи на инвестицискиот проект изнесува 50.000 евра.

  • Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 50% или не повеќе од 1.500.000 евра.

  • Максималната вкупна финансиска поддршка за еден примател според оваа мерка несмее да надмине 3.000.000 евра за целиот период на спроведување на Програмата.

  • Максималната финансиска поддршка што треба да се додели на новоформирани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавен повик) по оваа мерка изнесува 100.000 евра.

  • Земјиштето на кое се планираат инвестициите треба да е во сопственост на апликантот или да е земено под закуп или концесија на најмалку 7 (седум) години од денот на аплицирање.


За повеќе информации околу документацијата, начинот на аплицирање и изготвувањето на апликациите можете да ни пишете на agrokulturakonsalting@gmail.com 

или да не контактирате на телефонските броеви:

071/381-453

077/986-889

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page