top of page
Search

Финансиска поддршка од 10 000 ЕВРА за инвестиции во опрема за производство на храна од животинско или неживотинско потекло и инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој објави неколку јавни повици наменети за подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со законите од областа на земјоделството или новововедени стандарди од областа на земјоделството.

Мерката 121 -ИНВЕСТИЦИИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА е наменета за ПОДДРШКАТА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА СЕ РЕАЛИЗИРА ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО СТОПАНСТВО.


ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ И ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ  ПО ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ

 

Согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година прифатливи се следниве инвестиции:

 

  • Инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем

  • Инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем


КОРИСНИЦИ

 

Потенцијални корисници за Mерка 121, се земјоделски стопанства впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:

 

Физички лица:

·         Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;

·         Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;

·         Носител на семејно земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;

 

Правни лица:

 

  • Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва; 

  • Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;

 

Услови кои треба да ги исполнуваат барателите во зависност од инвестицијата се следни:

 

  • Корисниците на мерката треба да бидат евидентирани/регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство и тоа за опрема пред реализација на инвестицијата, а за објекти по реализација на инвестицијата.

 

  • Инвестициите поврзани со набавка на опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци, и пиво, како и за преработки од млеко и месо од мал обем се наменети за баратели кои се регистрирани во Единствениот регистер на земјоделски стопанства и/или во Регистарот на производители на вино при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и/или регистрирани во Регистарот на одобрени објекти и оператори со храна од животинско потекло и/или во Регистарот на објекти и оператори со храна  од неживотинско потекло при Агенцијата за храна и ветеринарство и/или во Регистарот на одобренија за мали производители на пиво, вино, етил алкохол и жестоки алкохолни пијалоци и/или во Регистарот на земјоделци - мали производители на жестоки алкохолни пијалоци при Царинската управа.

 

 

 

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за оваа мерка изнесува 600.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

 Барателите кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на финансиска поддршка се рангираат со бодување согласно  подолу прикажаната табела

Крајниот рок за доставување на барањата е 11.07.2025 година.


За повеќе информации околу повикот , потребната документација, изработка на деловен план и комплетно електронско аплицирање, тимот на АГРОКУЛТУРА КОСАЛТИНГ Ви стои на располагање!

Ги очекуваме Вашите повици на телефонските броеви:

071/381-453

077/986-889

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page