top of page
Search

Финансиска поддршка за одгледувачите на добиток - Објавен Јавен повик од програмата за рурален развој Мерка 213

  • Mar 3
  • 1 min read

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 01/2026 за поднесување барања за финансиска поддршка преку Мерка 213 од Програмата за рурален развој за 2026 година.


Мерката е наменета за поддршка на земјоделците кои одгледуваат добиток и користат пасишта и ливади, со цел зачувување на руралните предели и традиционалното сточарство.


Основни услови

  • Апликанти може да бидат регистрирани земјоделски стопанства.

  • Поддршката се однесува на одгледување и напасување овци, кози и говеда на пасишта и ливади.

  • Барањето се поднесува со потребната документација во утврден рок.

Критериуми

  • 1 вработено лице на 150 овци

  • 1 вработено лице на 100 кози

  • 1 вработено лице на 50 говеда


Максималната поддршка може да достигне до 620.000 денари по вработено лице, согласно условите на повикот.

Крајниот рок за доставување на барањата е 31.03.2026 година.

За повеќе информации околу документацијата, начинот на аплицирање и изготвувањето на апликациите можете


да не контактирате на телефонските броеви:

071/381-453

077/986-889

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page