top of page
Search

Две години рок за легализирација на сите трактори, тракторски приколки, мотокултиватори и камп- приколки

  • Mar 5
  • 1 min read

Владата, до Собранието на РСМ , достави Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за возила, со кој се предвидува нов рок за легализација на одредени категории возила, како и воспоставување појасни и построги правила за техничко одобрување и контрола.

Легализацијата треба да заврши до 31 декември 2028 година, со што се очекува конечно затворање на ова прашање кое подолго време создава правна несигурност.

Во образложението се вели дека, околу 40.000 нерегистрирани и неосигурени возила, вклучувајќи и трактори, активно се движат по патиштата и претставуваат сериозна закана за безбедноста. Со новите правила, граѓаните ќе можат да поднесат барања за легализација дури и пред суд, со цел конечно да се реши долгогодишното правно неизвесно прашање.

Законските измени исто така предвидуваат и воведување нова категорија „застапник на независна институција“ која ќе може да издава потврди за техничка исправност на возила што не се усогласени со европските стандарди. Министерството за енергетика ќе ги овластува овие институции, кои ќе водат и јавен регистар со контроли и месечно известување.

Владата оценува дека измените претставуваат чекор кон надминување на констатираните недоследности во пракса и елиминирање на ризикот од вклучување во сообраќај на возила што не ги исполнуваат пропишаните стандарди. Воедно, законските решенија се насочени кон усогласување со европските технички прописи и меѓународните обврски на државата.

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page