Финансиска поддршка во висина до 750 000 евра за инвестиции направени во сточарството - Со ИПАРД Мерка 1 обезбедете до 75% од висината на Вашата инвестиција
- mihajlodzima2
- Feb 19, 2025
- 2 min read

ИПАРД Програмата 2021-2027 е програма која овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.
На 12 фебруари 2025 година, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, објави Јавен повик бр.01/2025 за доставување на барања за финансиска поддршка од ИПАРД 3 Програмата ( 2021-2027) за Мерка 1- Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.
Една од специфичните цели а оваа мерка е модернизирање и преструктурирање на физичкиот потенцијал со цел подобрување на целокупното работење на земјоделските стопанства при производството на примарни земјоделски производи и риба.
Секторот сточарство е еден од приоритетните сектори на оваа мерка и подразбира инвестиции направени во:
Набавка на механизација ( трактор)- набавката на тракторот треба да биде во согласност со параметрите наведени во јавниот оглас,
Изградба или реконструкција на штали за одгледување на говеда (за млеко и гоење), свињи (за репродукција и гоење), овци и кози (за млеко и гоење), живина (одгледувани за производство на месо – бројлери, кокошки несилки).
Опрема за одгледување на животни (опрема за исхрана и напојување, опрема за молзење и систем за измолзување, автоматски или подвижни агрегати за молзење и др.)
Опрема за производство на сточна храна (мелници, опрема за мешање на храната, мешалки, итн.),
Опрема за манипулација за сено и силажа (елеватори),
Опрема за ветеринарен преглед и опрема за складирање на ветеринарно-медицински препарати и .т н.
Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција за оваа мерка не може да биде пониска од 20.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ, додека максималната поддршка која може да биде доделена на еден корисник под оваа мерка изнесува 1.500.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ за целиот период на спроведување на Програмата.
Максималната финансиска поддршка која може да се додели на новоосновани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавниот повик) по оваа мерка е 100.000 евра.
Максималната вкупна финансиска поддршка која може да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 750.000 евра.
Вкупната финансиска поддршка која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата. 4
Овој процент на кофинансирање се зголемува до:
• 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области ;
• 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка).
Крајниот рок за поднесување на барања по овој јавен повик е 29 март 2025 година.
За повеќе информации околу јавниот повик, како и за успешна подготовка на бизнис план и комплетна документација, која е предуслов за успешна реализација на Вашата планирана инвестицијата Агрокултура Консалтинг Ви стои на располагање.
Можете да ни пишете на agrokulturakonsalting@gmail.com
или да не контактирате на телефонските броеви:
071/381-453
077/986-889






Comments