Три Јавни повици за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, за одгледување на земјоделски култури, аквакултура или рурален туризам
- mihajlodzima2
- Dec 28, 2024
- 2 min read

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 28.12.2024 година објавави, три јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и тоа :
Јавниот повик бр.01/24 се одесува на следните региони и катастарски општини:
-Регион Гостивар-сите катастарски општини;
-Регион Тетово-сите катастарски општини;
-Регион Дебар-сите катастарски општини;
-Регион Струга-сите катастарски општини;
-Регион Охрид-сите катастарски општини;
-Регион Ресен-сите катастарски општини;
-Регион Демир Хисар-сите катастарски општини;
-Регион Свети Николе-сите катастарски општини;
-Регион Кисела Вода-сите катастарски општини;
-Регион Чаир-сите катастарски општини;
Јавниот повик бр.02 /24 се одесува на следните региони и катастарски општини:
-Регион Берово-сите катастарски општини;
-Регион Пехчево-сите катастарски општини;
-Регион Битола-сите катастарски општини;
-Регион Македонски Брод-сите катастарски општини;
-Регион Валандово-сите катастарски општини;
-Реgион Виница-сите катастарски општини;
-Регион Гевгелија-сите катастарски општини;
-Регион Прилеп-сите катастарски општини;
-Регион Штип-сите катастарски општини;
-Регион Велес-сите катастарски општини
Јавниот повик бр.03 /24 се одесува на следните региони и катастарски општини
-Регион Делчево-сите катастарски општини;
-Регион Кочани-сите катастарски општини;
-Регион Крива Паланка-сите катастарски општини;
-Регион Куманово-сите катастарски општини;
-Регион Крушево-сите катастарски општини;
-Регион Кратово-сите катастарски општини;
-Регион Кавадарци-сите катастарски општини;
-Регион Росоман-сите катастарски општини;
-Регион Неготино-сите катастарски општини;
-Регион Струмица-сите катастарски општини;
-Регион Пробиштип-сите катастарски општини;
-Регион Радовиш-сите катастарски општини;
-Регион Гази Баба-сите катастарски општини;
Предмет на постапката на овие повици може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.
Катастарските општини кои се предмет на Јавниот повик бр.01/24 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари не можат да бидат предмет на овој јавен повик.
Површината за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе или дел од катастарска парцела) изнесува најмногу до 3 хектари.
Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за:
- одгледување на земјоделски култури, аквакултура или рурален туризам, за периодот до 30 години:
Право на учество на јавните повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.
Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот повик и можат да достават само една понуда за учество.
Физичките лица треба да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружници во Република Северна Македонија.
Понудите со поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија.
За сите останати информации околу потребната документација и подготовката на бизнис план, обратете се кај наште консултанти,
на телефонските броеви:
071/381-453
077/986-889






Comments