top of page
Search

РУРАЛЕН ТУРИЗАМ - Искористете грант до 600 000 евра од ИПАРД за изградба на хотели, апартмани, кампови, ресторани и друго

Updated: Oct 16, 2025

ИПАРД 3 програмата овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.


Од искористувањето на фондот од ИПАРД 3 Програмата (2021-2027), се очекуваат многубројни придобивки како на пример:

– подобрување на стандардот на земјоделците,

– подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност,

-зголемување на вработеноста во руралните средини,

-подобрување на ветеринарните стандарди и унапредување и заштита на животната средина.

Во изминатиот период , се покажа големата заинтересираност за инвестиции и развој на руралниот туризам кој како прифатлива инвестиција е опфатен со Мерка 7- Диверзификација на фарми и развој на бизниси. 

Оваа меркa, како дел од ИПАРД 3 програма (2021-2027) година, се очекува наскоро повторно да биде објавена, со што се зголемуваат можностите за реализација на нови инвестиции во руралниот туризам како што се изградба и опремување на хотели, апартмани, кампови, бунгалови, ресторани и сл.

Како новина во ИПАРД 3 програмата е предфинансирањето, односно новиот начин на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.  

Еве какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни за инвестиции во руралниот туризам:

Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства

  • Регистриран индивидуален земјоделец

  • Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

II. За што може да се аплицира во Руралниот Туризам

  • Сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови – Инвестиции во градба / реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 10 соби (20 гости)

  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)

  • 50 гости за ресторански услуги

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 20 соби (50 гости)

  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости)

  • 150 гости за ресторански услуги

  • Готвење и служење на храна

  • Соби за дегустација / продажба.

  • Рурални музеи

  • Простории за семинари / обуки,

  • Едукативни фарми

  • Рекреативни активности на туристите.

Прифатливи трошоци

  • Прифатливи трошоци се: градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет).

  • Инсталација на соодветна опрема

  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови

  • Помошни простории

  • Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели


Инвестицијата треба да биде во рурална средина, односно во населени места кои имаат до 30 000 жители. Тоа значи дека за Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата, може да аплицираат инвеститори чии инвестиции се во села, населени места но и помалите градови како што се: Крушево, Ресен, Струга, Дебар, Берово, Крива Паланка, Кратово, Кочани, Делчево и други.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, до крајот на годинава, ќе го објави Јавниот повик 03/2025 за доставување на барања за користење на средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма 2021-2027)


За повеќе информации околу документацијата, начинот на аплицирање и изготвувањето на апликациите можете да ни пишете на agrokulturakonsalting@gmail.com 

или да не контактирате на телефонските броеви:

071/381-453

077/986-889

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page