ПРЕТХОДНА НАЈАВА - Во декември НОВ ЈАВЕН ПОВИК од ИПАРД 3 програмата!

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во месец декември 2026 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2021-2027 година).
Целта на ИПАРД Програмата 2021-2027 е преку содветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија, како и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.
Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од декември 2026 година се наменети за следните мерки:
➢ Мерка 1 - Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства
➢ Мерка 3 - Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
➢ Мерка 7 - Диверзификација на фарми и развој на бизниси (освен прироритетен сектор Производство и продажба на енергија од обновливи извори)
Претстојниот јавен повик на ИПАРД Програмата 2021-2027 овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници или генерално се поддржуваат инвестиции во примарното земјоделско производство (вклучително и земјоделска механизација), инвестиции во преработка и марктетинг на земјоделски и рибни производи и инвестиции во насока на диверзификација на земјоделските активности и развој на бизниси во руралните средини.
Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 налагаат претходно склучување на договор на корисниците со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.
Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување во дневните весници.
НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисници на средства по содветната мерка од ИПАРД Програмата 2021-2027 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик 01/2026.
За повеќе информации:
📞 ЈАВЕТЕ СЕ НА НАШИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ УШТЕ ДЕНЕС:
071/381-453
077/986-889
Тимот на Агрокултура Консталтинг ве очекува!






Comments