top of page
Search

Од Македонските пасишта до ПРЕМИУМ БРЕНД - Изградете профитабилен БИЗНИС со одгледување на АНГУС и поддршка до 70% од ИПАРД фондовите

Oct 28
2 min read


 

Во последите години очигледно е дека традиционалното сточарство се соочува со сериозни предизвици. Но непобитен е фактот дека одгледувањето на премиум раси на говеда станува еден од најпрофитабилните бизниси во агросекторот.

Доколку размислувате за бизнис што нуди висока додадена вредност,има ниски оперативни трошоци, кој има можност за огромна поддршка од европските фондови, ова е вашата шанса.


ЗОШТО ТОКМУ АНГУС?

Кога одгледувате ваква раса на говеда ПРИРОДАТА РАБОТИ ЗА ВАС!

Ангусот не е обична раса, – тоа е паметна долгорочна инвестиција.

Оваа раса е создадена за одгледување по системот системот „крава-теле“, што значи дека речиси преку целата година (8 до 10 месеци) животните поминуваат на отворено пасиште. Имаат густо крзно, со чија помош одлично ги поднесуваат јаките земи што знаат да ја зафатат Македонија.  За нив не се потребни скапи, затворени бетонски штали, туку само едноставни настрешници како заштита од силен ветер.


Нивната исхрана се состои главно од трева и сено, за разлика од млечните раси на говеда за кои се неопходни неколку тони концентрат, за кој сме сведови дека неговата цена во последните неколку години драстично расте.

Ангусот својата храна ја има на пасиштата.

КАКОВ Е РЕЗУЛТАТОТ ОД СЕТО ТОА ?

Од една страна трошоците за одгледување се доста ниски, а од друга страна како финален производ добивате ПРЕМИУМ МЕСО со супериорен квалитет со т.н.мермерна структура кое има премиум високи цени, како на домашниот така и на странскиот пазар.


Одгледувањето Ангус во Македонија не е само враќање кон природата, туку и влез во модерен, високопрофитабилен агробизнис.

ВАШИОТ СИГУРЕН ПАРТНЕР ЗА ПОЧЕТОК - МЕРКА 1 од ИПАРД 3 програмата !

Најголемиот предизвик за почеток на овој бизнис се почетните инвестиции како што се :

  • Набавка на соодветна опрема за хранење и поење на говедата

  • Изградба или реконструкција на отворени штали, настрешници, и прифатилишта

  • Опрема за заградување на пасиштата (електрични огради)

  • Набавка на нови трактори, косилки, балирачки и приколки потребни за подготовка на храна

Мерка 1 од ИПАРД 3 програмата (Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства) е создадена за да ви го олесни патот да изградите профитабилен современ сопствен бизнис.

Преку оваа мерка, можете да добиете неповратни средства (грант) од 50% до дури 70% од вкупната инвестиција. Максималниот процент од 70% е резервиран за млади земјоделци (до 40 години) и за инвестиции во планинските подрачја.

Голема предност на ИПАРД 3 програмата е тоа што нуди можност за авансна исплата до 50% од одобрениот грант веднаш по потпишувањето на договорот, што значително ја олеснува финансиската конструкција уште на самиот почеток.


Одгледувањето Ангус говеда во Македонија е спој на традицијата и модерниот бизнис. Со паметно менаџирање на пасиштата и максимално искористување на ИПАРД фондовите, можете да создадете семеен бизнис кој ќе донесе сигурен профит во годините што доаѓаат.

Најавата дека Мерка 1 од ИПАРД 3 програмата ќе биде објавена наскоро ( во декември), е знак дека СЕГА Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО ПОДГОТОВКА!

Препуштете им ја процедурата на професионалниот тим на Агрокултура Консталтинг. Додека другите чекаат и паничат, вашиот предмет нека биде целосно подготвен.

📞 ЈАВЕТЕ СЕ НА НАШИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ УШТЕ ДЕНЕС:

       071/381-453  

       077/986-889

Тимот на Агрокултура Консталтинг ве очекува!

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page