Објавени се три јавни повици за финансиска поддршка од 600 000 денари наменети за модернизација на земјоделските стопанства
- mihajlodzima2
- Jun 11, 2025
- 1 min read

Денеска се објавени три јавни повици за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, со цел модернизација на земјоделските стопанства во Македонија.
ЈАВЕН ПОВИК БР. 05/2025
Овој повик ги покрива следните инвестиции:
• Набавка на машини за разбивање на мраз;
• Набавка на системи против замрзнување;
• Заштитни мрежи и заштитени фолии;
• Набавка на опрема за систем за наводнување-капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површина вода;
• Инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч.
ЈАВЕН ПОВИК БР. 06/2025
Овој повик се однесува на:
• Набавка на приклучна земјоделска механизација.
ЈАВЕН ПОВИК БР. 07/2025
Овој повик ги покрива следните области:
• Инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем;
• Инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем.
За сите три јавни повици максимална вредност е 600.000,00 денари по корисник.
Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Право на аплицирање имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.
Крајниот рок за доставување на барањата е 11.07.2025 година.
За повеќе информации околу повикот , изработка на деловен план и комплетно електронско аплицирање, тимот на АГРОКУЛТУРА КОСАЛТИНГ Ви стои на располагање!
Ги очекуваме Вашите повици на телефонските броеви:
071/381-453
077/986-889






Comments