top of page
Search

Објавени се пет ЈАВНИ ПОВИЦИ за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и над 3 хектари




Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денес објави пет ЈАВНИ ПОВИЦИ за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Јавниот повик 01/2025 се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари за следниве региони и катастарски општини:

- Гази Баба: КО Маџари, КО Катланово, КО Трубарево, КО Орешани, КО Бунарџик, КО Бадар, КО Огњанци, КО Р’жаничино, КО Бујковци, КО Ајватовци, КО Арачиново, КО Илинден, КО Илинден-вонград, КО Синѓелиќ 3, КО Инџиково-вонград;

- Струмица: КО Ново Село, КО Ново Село-вон град, КО Ангелци;

- Пехчево: КО Пехчево;

- Кисела Вода:КО Студеничани; КО Студеничани-вон град, КО Таор, КО Морани;

-Гевгелија: КО Богданци;

- Чаир: КО Бутел, КО Чаир;

- Валандово: КО Дедели;

- Куманово: КО Студена Бара;

- Радовиш: КО Погулево, КО Ињево, КО Ињево-вон град;

-Штип: КО Таринци.

Останатите четири Јавни повици се однесуваат за доставување понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари за речиси сите региони и катастарски општини на територијата на РСМ.


Право на учество на јавниот повик имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот повик и можат да достават само една понуда за учество.

Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е приоритетна дејност.

Странските правни лица, имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружници во Република Северна Македонија.

На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно- истражувачки дејности.

Понудите со поднесуваат во рок 30 дена (45 дена за Јавен повик бр.01/24 , над 3 ха) од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија.


За сите останати информации околу потребната документација и подготовката на бизнис план, обратете се кај наште консултанти,

на телефонските броеви:

071/381-453

077/986-889

или пишете ни на  agrokulturakonsalting@gmail.com 


Агрокултура Консалтинг Ви стои на располагање!

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page