Објавен јавен повик за земјоделски задруги
- mihajlodzima2
- May 9, 2025
- 2 min read

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес објави јавен повик 03/2025 за економско здружување на земјоделски стопанства заедничко вршење на земјоделска дејност од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година.
На земјоделските задруги им се отвара можност да користат финансиска поддршка за набавка на нови основни средства и оперативни трошоци поврзани со набавените средства.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник на мерката изнесува 15.000.000 денари.
Прифатливи Трошоци:
- услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка документација;
- трактори;
- култиватори или мото-култиватори;
- опрема и приклучна механизација за припрема на почвата, садење или за берење/собирање/жнеење и транспорт;
- генератори и агрегати за обезбедување на електрична енергија на земјоделското земјиште;
- градежни материјали и елементи за конструкција на бунари и други зафати на површинска вода за наводнување на земјоделски имот на корисникот; - системи за наводнување;
- хидротехничка опрема за одржување на системите за наводнување; - опрема за загревање и климатизирање на заштитни простории;
- конструкции за поставување на заштитни мрежи и фолии;
- заштитни мрежи и фолии;
- системи против замрзнување (антифрост системи);
- навигациони системи за механизација и комбајни;
- опрема за производство на амбалажа за постбербени активности;
- опрема за складишни капацитети;
- електрични огради за заштита од дивеч;
- опрема за пластеници и стакленици (вклучително и Хидропоника и/или Аеропоника); - опрема за производство на енергија од обновливи извори за потребите на земјоделската задруга;
- градежни материјали и елементи за конструкција на капацитет за постбербени активности или купување на постоечки објект за постбербени активности;
- градежни материјали и елементи за конструкција на заштитни објекти за сместување на механизацијата и опремата;
- градежни материјали и елементи за конструкција на расадници со опрема за микроклиматски услови;
- услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи; - услуги од трети лица за инсталирање на опремата вклучително и софтвер;
Корисници на мерката 131 се земјоделски задруги регистрирани во Регистар на други правни лица во Централен регистар на Република Северна Македонија, согласно Закон за задругите и запишани во евиденција на земјоделски задруги при МЗШВ согласно Правилник за евиденција на земјоделски задруги („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 79/25”)
Финансиската поддршка се доделува во износ до 90% од вкупно прифатливата вредност на набавката.
Краен рок за поднесување на барањата до Агенцијата за финанансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е 09.06.2025 година






Comments