top of page
Search

Нов ЈАВЕН ПОВИК од ИПАРД 3 Мерка 1- Финансиска поддрша до 750 000 евра за инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 за следнава Мерка:1- Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.


  • Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

  • Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:

  • 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области согласно Листата на планински области и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка)

    Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.

  • Крајниот рок за поднесување на барањата е 29 март 2025 година


    Вкупната финансиска поддршка во рамки на овој јавен повик за мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ изнесува 7.415.335 евра или 456.154.330,88 денари.

Финансиската поддршка за мерката Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства е наменета за земјоделско производство во приоритетните сектори: растително производство, сточарство, рибарство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка


   Тип на инвестиција


  • Растително производство: житни култури, индустриски и фуражни култури, лозови насади (само вински сорти), други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамките на Мерката 7 ;

  • Сточарство: говеда (за: млечно говедарство, гоење), свињи (за: репродукција, гоење), овци и кози (за: млечно овчарство, козарство, гоење), живина (кокошки несилки, пилиња одгледувани за производство на месо - бројлери), други добиток од Анекс I што не е поддржан во рамките на Мерката 7;

  • Рибарство: фарми за аквакултура за слатководни риби ;

  • Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма:  Млеко и млечни производи, Јајца, месо и производи од месо; Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури; Шира, сок од грозје, вино; 

  • Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка, преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса за производство на биогас и/или биогорива, користење на сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн .


    Корисници

  • Земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошниот текст: ЕРЗС) како семејно земјоделско стопанство претставувано од физичко лице или од индивидуален земјоделски производител или како земјоделско стопанство претставувано од правно лице.

  • Земјоделското стопанство - корисник кое предлага инвестиции во растително производство, како и сите производни капацитети (производствениот план) на земјоделското стопанство, треба да бидат евидентирани во ЕРЗС пред да аплицира за поддршка.  

  • Земјоделското стопанство - корисник кое предлага инвестиции во започнување на сточарско производство треба да биде регистрирано како земјоделско стопанство во ЕРЗС и во Регистарот за идентификација на животни пред поднесување на конечното барање за исплата.

  • Земјоделското стопанство - корисник кое предлага инвестиции во преработка на земјоделски производи и маркетинг треба да биде регистрирано како оператор на храна во согласност со Законот за безбедност на храна во Агенција за храна и ветеринарство пред поднесување на конечното барање за исплата.

  • Семејното земјоделско стопанство е преставувано од физичко лице кое е член на земјоделското домаќинство. Физичкото лице е овластено, од страна на сите други членови од земјоделското домаќинство, да го претставува земјоделското стопанство пред надлежните органи и да управува со него. Овластениот претставник и останатите членови на земјоделскотодомаќинство мора да живеат на иста адреса која е наведена како седиште на земјоделското стопанство, без оглед на локацијата на земјоделскиот имот (земјиште и објекти).

     

  • Индивидуален земјоделски производител е физичко лице кое се занимава со земјоделство за негови нејзини лични потреби како сопственик на земјоделскиот имот или кој има право на користење на земјоделски имот добиено преку склучување законски договор со нејзиниот сопственик и е регистриран во Регистарот на индивидуални земјоделци при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или како Индивидуален земјоделски производител во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Индивидуалниот земјоделски производител е регистриран како семејно земјоделско стопанство во ЕРЗС.

     

  • Земјоделско стопанство преставувано од правно лице треба да биде регистрирано во Централниот регистар во согласност со Законот за трговски друштва.

    Земјоделски стопанства претставувани од страна на правно лице во случај нивниот капитал да е во сопственост на јавен орган или органи или од страна на државата со повеќе од 25%, не се прифатливи корисници со оваа мерка.


  • Задруга која е регистрирана во Централниот регистар и која примарно се занимава со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и/или услуги кои се директно поврзани со земјоделски активности.


  • Здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители и се признати како такви според законот. Следниве видови на здружени правни лица можат да аплицираат и да ја користат поддршка од оваа мерка:

     

    -   Задруга,

    -   Групи на производители и организации на производители признати како такви во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој и регистрирани во Регистарот на групи на производители и/или Регистар на организации на производители што го води МЗШВ,

    -   Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство или преработка на земјоделски производи основана од овластени претставници на семејно земјоделско стопанство запишано во Единствен регистар на земјоделски стопанства и

    -   Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство или преработка на земјоделски производи основана од здружение на земјоделски производители.

    Минималниот број на земјоделски производители ангажирани под некој од горенаведените субјекти е најмалку 10.


  • Правни лица регистрирани во Централниот регистар  во ранг на микро, мали и средни претпријатија.

    За успешна подготовка на бизнис план и комплетна документација, која е предуслов за успешна реализација на Вашата планирана инвестицијата Агрокултура Консалтинг Ви стои на располагање.

    Можете да ни пишете на  agrokulturakonsalting@gmail.com 

    или да не контактирате на телефонските броеви:

    071/381-453

    077/986-889


 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page