top of page
Search

Не ја пропуштајте шансата да добиете ГРАНТ од 600.000 до 750.000 Евра! Во декември ќе бидат објавени три ЈАВНИ ПОВИЦИ од ИПАРД 3 програмата!

Oct 26
2 min read

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), најави дека до крајот на оваа година, поточно во декември, за прв пат истовремено ќе бидат објавени три јавни повици одеднаш од ИПАРД III програмата.

 Директорката на Платежната агенција, Даниела Иротова-Лазарева, соопшти дека со овие огласи на располагање ќе бидат ставени сите преостанати средства за трите клучни мерки.

Јавните повици ќе се однесуваат на следниве три клучни мерки:

  • Мерка 1: Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства - наменета за земјоделците кои сакаат да набават нова механизација, трактори, опрема, системи за наводнување, подигање на нови долгогодишни насади и изградба на современи штали и пластеници

  • Мерка 3: Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи - Наменета за преработувачката индустрија и опфаќа  инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи (модернизација или изградба на млекари, кланици, винарии, капацитети за преработка на овошје и зеленчук, како и опрема за пакување и ладилници)

  • Мерка 7: Диверзификација на фармите и развој на бизниси (која опфаќа поддршка за рурален туризам, занаетчиство и други алтернативни дејности во рурални средини) . Ова мерка е најобемна и нуди огромна поддршка за развој на рурален туризам (сметувачки капацитети, етно-ресторани), занаетчиство, производство на неземјоделски производи и други алтернативни дејности.


Бидејќи се работи за истовремено објавување на три големи повици, од Платежната агенција апелираат до сите заинтересирани земјоделци, задруги и компании веднаш да почнат со подготовка на потребната документација.

 Не ризикувајте! Доколку сакате да добиете финансиска поддршка од ИПАРД за развој и унапредување на вашиот бизнис, СЕГА Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО ПОДГОТОВКА!

Препуштете им ја процедурата на професионалниот тим на Агрокултура Консталтинг. Додека другите чекаат и паничат, вашиот предмет нека биде целосно подготвен.

📞 ЈАВЕТЕ СЕ НА НАШИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ УШТЕ ДЕНЕС:

       071/381-453  

       077/986-889

Тимот на Агрокултура Консталтинг ве очекува!

Ние ќе ги завршиме сите претходни проверки и ќе започнеме со подготовка на вашата апликација. без притисок од рокови.


 

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page