top of page
Search

Набавете опрема за модернизација на Вашето земјоделско стопаство - 10 000 Евра за набавка на заштитни мрежи, фолии, бунари, систем за наводнување...

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, покрај јавниот повик за набавка на трактори, објави дополнително уште три јавни повици за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година.

Јавниот повик бр 05/2025, мерка 121.20 - Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, се однесува за набвка на следното:

- Набавка на машини за разбивање на мраз

- Набавка на системи против замрзнување

- Заштитни мрежи и заштитени фолии

- Набавка на опрема за систем за наводнување-капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површина вода

- Инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч


Право на користење на средства имаат

Физички лица:

  • Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност

  • Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;

  • Носител на семејно земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;

    Правни лица:

  • Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва;

  •  Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;


Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.20 изнесува 600.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Кофинансирањето изнесува 50% – 75% од вредноста на инвестицијата, во зависност од возраста на апликантот и локацијата на стопанството.


Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

- Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура и/или

- Минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено и/или

- Минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун

- Минимум 0,2 ха за производствен капацитет на грозје и овошје и/или

- Максимум до 50 000 литри за производствен капацитет на вино


За да биде прифатлив, корисникот на поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства треба да добие најмалку 51 бод.

Бодувањето ќе се врши според следите показатели:


Крајниот рок за доставување на барањата е 11.07.2025 година.


За повеќе информации околу повикот , изработка на деловен план и комплетно електронско аплицирање, тимот на АГРОКУЛТУРА КОСАЛТИНГ Ви стои на располагање!

Ги очекуваме Вашите повици на телефонските броеви:

071/381-453

077/986-889



 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page