Кредити за инвестиции и развој- Развојна банка ја отвори кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва
- mihajlodzima2
- Feb 10, 2025
- 1 min read

Развојна банка ја отвори кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва. Кредитната линија е со исклучително поволна каматна стапка од само 1.95%.
- за инвестиции во основни средства- за микро, мали, средни и големи претпријати
Целта на оваа кредитна линија е финансирање на инвестиции и развој на приватните трговски друштва во Република Северна Македонија.
Кредитите од оваа кредитна линија, ќе бидат пласирани преку банки учеснички, а средствата се наменети за финансирање на инвестиции во основни средства на приватните трговски друштва.
Средства во износ од 250.000.000 евра во денарска противвредност се обезбедени од Буџетот на РСМ преку Договор за задолжување.
Корисници на кредитот можат да бидат приватни трговски друштва регистрирани во Република Северна Македонија (исклучок се странските директни инвеститори кои се активни корисници на државна помош, а се докажува со изјава од страна на крајниот корисник, заверена на нотар).

Документацијата која ќе треба да биде обезбедена од страна на апликантите е во согласно кредитните политики и процедури на банките-учеснички и условите утврдени во Рамковниот договор.
Агрокултура Kонсалтинг , изготвува Бизнис планови што се дел од потребната документација за сите инвестициски кредити.
За повеќе информации можете да се обратите на нашите телефони:
071/381-453
077/986-889






Comments