top of page
Search

Исплата на повеќе од 237 милиони денари од програмата за рурален развој на земјоделството и интервентниот фонд

  • Mar 5
  • 1 min read

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на над 237 милиони денари кон земјоделци и корисници на мерки од програмите за земјоделство и рурален развој.

Исплатите се реализирани по следните основи:


Мерка 112 „Млади земјоделци“ - Исплатени 17.815.422 денари за 48 корисници.


Мерка 121.7 „Комбајни за ориз“ -Исплатени 28.779.597 денари за 48 корисници.


Мерка 213 „Плата за овчари“ -Исплатени 34.089.868 денари за 43 корисници.


Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“ - Исплатени 59.942.278 денари за 39 корисници.


Програма за рурален развој(набавка на добиток, плата за задругите, поддршка за каматни стапки и техничка помош) - Исплатени 96.661.300 денари за 34 корисници.


Овие средства се значајна поддршка за развојот на земјоделското производство, подобрување на конкурентноста и јакнење на руралната економија.

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page