top of page
Search

Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 продолжува и наредната недела



Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството продолжуваат со кампањата и инфо средбите по повод објавениот повик за мерката 1 - Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3).

 

На инфо средбите заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа мерка од програма од тековниот објавен повик.

 

Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.

 

Во текот на идната недела планирани се следниве средби:

  • 4ти март 2025 година (вторник), инфо средби ќе се одржат во Босилево, со почеток  од 11:00 часот во салата во Домот на култура и во Василево со почеток од 14:00 часот во салата во Домот на култура,

  • 5ти март 2025 година (среда), инфо средби ќе се одржат во Конче, со почеток  од 11:00 часот во општинската сала и во Радовиш со почеток од 14:00 часот во општинската сала,

  • 6ти март 2025 година (четврток), инфо средби ќе се одржат во Берово, со почеток  од 11:00 часот во општинската сала и во Виница со почеток од 14:00 часот во општинската сала, и

  • 7ми март 2025 година (петок), инфо средби ќе се одржат во Неготино (о. Врапчиште) со почеток од 13:00 часот во салата во Дом на култура и во Гостивар, со почеток  од 15:00 часот во салата при АД ЕСМ, ХЕЦ Маврово - Гостивар.

 

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page