top of page
Search

Инвестирајте во лозарството преку ИПАРД Мерка 1- набавете нов трактор и друга приклучна механизација, садници, опрема за винарија, дестилерија и сл.





Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, објави Јавен повик, за поднесување барања за искористување на средства од ИПАРД 3 програмата ( 2021-2027) за Мерка 1 - Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.

Крајниот рок за поднесување на барања по овој јавен повик е 29 март 2025 година.

Еден од приоритетни сектори во кој се прифатливи инвестиции е секторот за растително производство каде што покрај житните и индустриските култури вклучени се и лозовоте насади ( вински сорти).

Производните капацитети со кои треба да располагаат апликантите за да бидат подобни во овој сектор се прикажани во продолжение:

Набавката на земјоделската механизација, поточно на тракторите кои се прифатлива инвестиција во овој сектор, треба да биде во согласност со параметрите наведени во следната табела:

  • Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција за оваа мерка не може да биде пониска од 20.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ, додека максималната поддршка која може да биде доделена на еден корисник под оваа мерка изнесува 1.500.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ за целиот период на спроведување на Програмата.

     Максималната финансиска поддршка која може да се додели на новоосновани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавниот повик) по оваа мерка е 100.000 евра.

    Максималната вкупна финансиска поддршка која може да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 750.000 евра.

    Вкупната финансиска поддршка која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата. 4

    Овој процент на кофинансирање се зголемува до:

     • 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области ;

    • 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка).

    Покрај тракторите прифатлива инвестиција во овој Јавен повик во секторот лозарство можат можат да бидат и

  • опрема и механизација за подготвителни активности при обработка на земјата;

  • садење;

  • набавка на повеќегодишни растенија;

  • наводнување, одводнување и одгедување на земјоделски култури;

  • опрема за берба (исклучувајќи комбајни);

  • опрема за контрола и заштита

  • Градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет), како и пластеници/стакленици, без почвено одгледување и други иновативни системи на производство

  • Опрема за производство на шира од грозје, сок од грозје, вино други ферментирани пијалоци, алкохолни пијалоци и оцет;

  • Резервоари,

  • танкови,

  • Опрема за полнење, пакување и етикетирање

  • Опрема за манипулација, товарање и растоварање, виљушкари, подвижни ленти и опрема за мерење на тежина

  • Опрема за следење на квалитет, контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција

  • Опрема за третман на отпад, валоризација, манипулација и складирање и т. н .


За успешна подготовка на бизнис план и комплетна документација, која е предуслов за успешна реализација на Вашата планирана инвестицијата Агрокултура Консалтинг Ви стои на располагање.

Можете да ни пишете на  agrokulturakonsalting@gmail.com 

или да не контактирате на телефонските броеви:

071/381-453

077/986-889

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page