top of page
Search

ЗК Пелагонија ќе ослободи над 1.600 хектари земјоделско земјиште, истото ќе биде наменето за вистинските земјоделци


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, вчера на 13.02.2025 година, имаше работна посета во Битола и при тоа оствари средба со земјоделците од овој регион.

„На средбата имавме кратка презентација на она што се новитети во Програмата за финансиска поддршка за 2025 година. Исто така разговаравме и во делот за земјишната политика“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски во делот во Програмата за финансиска помош пред присустните истакна дека за оваа година има зголемување на субвенциите во делот на сточарството се со цел да се зголеми сточниот фонд и млекопродукцијата.


„Во врска со земјишната политика ги информирав денеска земјоделците дека ЗК Пелагонија има поднесено барање за ослободување на над 1.600 хектари земјоделско земјиште. Токму тоа земјоделско земјиште наредниот период ќе биде ставено на располагање на земјоделците од овој регион“, нагласи министерот.


„Она што можам да го заклучам дека новата Програма, распределбата на земјоделското земјиште, Јавниот повик кој што сега се објави и повиците кои што ќе следуваат во наредниот период ќе бидат дополнителен ветер во грб за земјоделците од овој регион“, заклучи министерот Трипуновски.

 

Министерот истакна дека сите јавни повици кои што ќе ги објави Министерството ќе бидат наменети за сите земјоделци од цела Македонија.

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page