Започнува кампањата за информирање на граѓаните за Јавниот повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката 1
- mihajlodzima2
- Feb 18, 2025
- 1 min read

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, започнуваат кампања за информирање на потенцијалните корисници по однос на можностите кои ги нуди инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма.
Во рамки на кампањата, а по повод последниот објавен повик од ИПАРД Програмата (2021-2027) ИПАРД 3 за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, ќе се одржат инфо-денови во повеќе градови, села и населени места, каде што заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги, задружни правни лица итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа програма.
Првите две инфо сесии ќе се одржат на 20ти февруари 2025 година, и тоа во:
Општина Новаци, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и
Општина Могила со почеток од 14:00 часот во салата на општина Могила.






Comments