До 750 000 евра ГРАНТ преку ИПАРД Мерка 1, за набавка на опрема за постбербени активности, преработки и директен маркетинг на фарма за сопствено производство
- mihajlodzima2
- Feb 21, 2025
- 3 min read

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, објави Јавен повик, за поднесување барања за искористување на средства од ИПАРД 3 програмата ( 2021-2027) за Мерка 1 - Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.
Покрај набавката на нова земјоделска механизација, оваа мерка нуди одлична можност за набавка на сушари, ладилници, силоси, виљушкари, како и опремување на семејни винарии и дестилерии и т. н.
Поточно оваа мерка нуди можност за набавка на опрема за модернизирање на земјоделските стопанства, кои се занимаваат со производство на следните земјоделски производи:
Житарици, мелнички производи и производи од скроб;
Овошје и зеленчук вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти растенија;
Шира од грозје, сок од грозје, вино други ферментирани пијалоци, алкохолни пијалоци и оцет;
Растителни и животински масла и масти;
Јајца, месо и месни производи;
Млеко и млечни производи;
Риба и рибни производи;
Производство на сточна храна.
ПРИФАТЛИВА ИНВЕСТИВИЈА ВО ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР МОЖЕ ДА БИДЕ СЛЕДНАТА ОПРЕМА:
Опрема за прием, собирање и складирање,
Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, премачкување со восок класирање, ладење, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали,
Опрема за пред ладење, ладење и замрзнување,
Опрема за сечење, мелење и подготовка за преработка,
Опрема за де-аерација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација
Резервоари, танкови,
Опрема за конзервирање, сушење, дехидрација, замрзнување
Опрема за полнење, пакување и етикетирање,
Опрема за зашеметување, навлажнување, загревање и вадење на внатрешни органи, опрема за сечење и вадење на коски,
Опрема за манипулација, товарање и растоварање, виљушкари, подвижни ленти и опрема за мерење на тежина,
Опрема за следење на квалитет, контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција,
Опрема за третман на отпад, валоризација, манипулација и складирање,
ЦИП опрема за чистење, опрема за преработка, мелачи на грозје, опрема за филтрирање (филтри), пумпи танкови за ферментација и стабилизација, опрема за дестилација, преса за добивање на шира, танкови за зреење, резервоари за складирање и буриња,
Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, хранење, сместување на животните пред колење, чистење на арско ѓубре итн
Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција за оваа мерка не може да биде пониска од 20.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ, додека максималната поддршка која може да биде доделена на еден корисник под оваа мерка изнесува 1.500.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ за целиот период на спроведување на Програмата.
Максималната финансиска поддршка која може да се додели на новоосновани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавниот повик) по оваа мерка е 100.000 евра.
Максималната вкупна финансиска поддршка која може да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 750.000 евра.
Вкупната финансиска поддршка која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата. 4
Овој процент на кофинансирање се зголемува до:
• 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области ;
• 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка).
Крајниот рок за поднесување на барања по овој јавен повик е 29 март 2025 година.
За повеќе информации околу јавниот повик, како и за успешна подготовка на бизнис план и комплетна документација, која е предуслов за успешна реализација на Вашата планирана инвестицијата Агрокултура Консалтинг Ви стои на располагање.
Можете да ни пишете на agrokulturakonsalting@gmail.com
или да не контактирате на телефонските броеви:
071/381-453
077/986-889






Comments