top of page
Search

10 000 ЕВРА ГРАНТ за МЛАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, за започнување на земјоделска дејност - објавен е Јавен повик 02/2025 за мерка 112 од програмата за Рурален развој



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  денес го објави јавниот повик 02/2025 за млади земјоделци од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Корисници се млади луѓе кои за прв пат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или преку воспоставување на ново земјоделско стопанство.


ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА


Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година.

Максималната вредност на финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000,00 денари, односно 100% од направените трошоци. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги во предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година.


КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ

Критериуми кои треба да ги исполни барателот пред поднесување на барањето се следните:

  • Барателот да е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодeлското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

  • Барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот на запишување на промената на носителот на земјоделското стопанство или воспоставување на новото земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

  • Подносителот на барањето да има минимум средно образование од областа на земјоделството или поминато обука за здобивање на квалификации за земјоделска дејност освен во случај кога деловниот план предвидува потреба од обука.

  • Подносителот на барањето да е носител на земјоделското стопанство и

  • Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.


Крајниот рок за доставување на барањата е 09.05.2025 година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.


За успешна подготовка на Деловниот план и комплетната документација,

можете да ни пишете на  agrokulturakonsalting@gmail.com 

или да не контактирате на телефонските броеви:

071/381-453

077/986-889

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page