ГРАНТ од 360.000 денари за РУРАЛНА ЖЕНА - ОБЈАВЕН е нов ЈАВЕН ПОВИК БР 04/26 за доставување на барања за користење на средства по мерка 115 - активен женски член во земјоделското домаќинство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објави ЈАВНИОТ ПОВИК бр 04/26 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година по мерка 115 - Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство.
Право на користење на средства имаат Земјоделски стопанства чиј носител или член е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.
Средствата се наменети за инвестиции во набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и инвестиции во набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.
Максималната кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 115 изнесува 360.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е 13.11.2026 г.
За повеќе информации околу документацијата, начинот на аплицирање и изготвувањето на апликациите можете да ни пишете на agrokulturakonsalting@gmail.com
или да не контактирате на телефонските броеви:
071/381-453
077/986-889






Comments