top of page
Search

10 000 ЕВРА за набавка на ТРАКТОРИ - АФПЗРР објави Јавен повик согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик бр 04/2025 за доставување барања за финансиска поддршка за набавка на трактори, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година – подмерка 121.8.

Целта на овој повик е поддршка за модернизација на земјоделски стопанства преку набавка на трактори.

Право на користење на средства имаат

Физички лица:

  • Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност

  • Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;

  • Носител на семејно земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;

    Правни лица:

  • Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва;

  • Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва; НАПОМЕНА : Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој во претходните десет години,не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.8 изнесува 600.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Кофинансирањето изнесува 50% – 75% од вредноста на инвестицијата, во зависност од возраста на апликантот и локацијата на стопанството.


Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

- Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура и/или

- Минимум 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено и/или

- Минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун и/или

- Минимум 0,2 ха за производствен капацитет на грозје и овошје и/или

- Максимум до 50 000 литри за производствен капацитет на вино.


За да биде прифатлив, корисникот на поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства треба да добие најмалку 51 бод.

Бодувањето ќе се врши според следите показатели:

Крајниот рок за доставување на барањата е 07.07.2025 година.


За повеќе информации околу повикот , изработка на деловен план и комплетно електронско аплицирање, тимот на АГРОКУЛТУРА КОСАЛТИНГ Ви стои на располагање!

Ги очекуваме Вашите повици на телефонските броеви:

071/381-453

077/986-889


 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page