top of page
Search

ЈАВЕН ПОВИК Бр. 04/26 за доставување на понуди за давање во закуп на ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ над 3 хектари

Jul 13
3 min read

Во тек се пет Јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со површина над 3 хектари кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави на 11.07.2026 година и се однесуваат за површини во сите региони на РСМ.


Повеќе за условите прочитајте во продолжение:


ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК:


Јавниот повик бр 04/26 се однесува на земјоделско земјиште во државна сопственост кое се наоѓа во следните региони:


-        Тетово: катастарските општини на територија на општина Теарце

-        Дебар: сите катастарски општини

-        Македонски Брод: сите катастарски општини

-        Демир Хисар: сите катастарски општини

-        Крушево: сите катастарски општини

-        Кисела Вода: сите катастарски општини

-        Делчево: сите катастарски општини

-        Берово: сите катастарски општини

-        Пехчево: сите катастарски општини

-        Велес: сите катастарски општини

Предмет на постапка на овој јавен повик може да биде земјоделско земјиште во државна соспственост над кое нема подигнато  насад, или на кое има насад кој не е подигнат од страна на поранешен корисник на земјоделското земјиште во државна сопственост кој користењето го имал врз основа на склучен договор, акт на орган на државната управа или единица на локалата самоуправа или судска одлука, кое не е во сопственост со други физички и правни лица, врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.


МАКСИМАЛНА ПОВРШИНА:

 

Еден понудувач самостојно со геодетски елаборат може да достави понуда за земјоделско земјиште во државна сопственост за една, повеќе или дел од катастарска парцела и да ги добие по јавниот повик.


НАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ И ВРЕМЕТАЕЊЕ НА ЗАКУПОТ


Намената и времетраењето на закупот за кој се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за

-        Одгледување на земјоделки култури , за период од 30 години.


ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК


Право на учество на јавниот повик имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица , поврзано физичко лице со правно лице и индирекно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот повик и можат да достават само една понуда за учество.

  • Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и /или да се  трговец поединец на кои земјоделското производство или преработка на примарни земјоделки производи им е приоритетна дејност.

  • Странските правни лица, имаат право на учество на јавниот повик доколку имаат регистрирано подружници во Република Северна Македонија.

  • На домашните и странските правни лица или нивните подружници, земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделските површини да им се потребни за вршење на научно – истражувачки дејности.


НАЈНИСКИОТ ИЗНОС НА ПОНУДЕНАТА ГОДИШНА ЗАКУПНИНА


Најнискиот износ на понудена годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните понудувачи е во висина на просечната годишна закупнина во регионот за давање на земјоделкото земјиште во државна сопственост под закуп постигната во последните три години.

Најнискиот износ по хектар кој може да го понудат заинтересираните понудувачи за секој регион детално е даден во  следната табела:


Секој понудувач може да достави само една оригинална понуда

Понудите кај кои комисијата ќе утврди дека:

-        Не ја содржат целата потребна документација,

-        Се поднесени по истекот на рокот за поднесување,

-        Се доставени во означен плик со кој би можел да биде идентификуван понудувачот,

-        Се поднесени од лице кое нема право да поднесува понуди и

-        Не се изработени според условите утврдени во јавниот повик

Комисијата ќе ги отфрли како некомплетни

 

ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА


Понудите се доставуваат во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во РСМ.

Понудата и другата документација се доставуваат во затворен плик на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката ,, не отворај"  Понуда по јавен повик бр 04/26 над 3 ха за давање на земјоделко земјиште под закуп во регион ( се впишува регионот) и во средина

,, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство  ул. Ленинова бр. 2 1000 Скопје “

 

Карен рок за аплицирање е 07.08.2026 година.


За повеќе информации околу условите и комплетната документација потребна за доставување на понудите Агрокултура Консалтинг Ви стои на располагање.

Можете да не контактирате на телефонските броеви:

071/381-453

077/986-889




 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page