top of page
Search

Завршни активности за отпочнување на процесот и успешно аплицирање на новите јавни повици за искористување на средствата од ИПАРД 3 програмата

17 hours ago
1 min read

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, на состанок одржа на 18.09.2026 година, со сите раководители, направи увид во измените на процедурите за спроведување на ИПАРД3 програмата.

Во текот на следната недела, како што брифираа раководителите на сектори, од страна на Агенцијата, сите ќе бидат завршени и предадени до НАО и ДЈ АГРИ на усогласување и одобрување, по кои ќе се распишуваат новите огласи.  Со ова, сакаме да ве информираме за тековните активности што ги спроведуваат сите надлежни институции со цел создавање услови за успешно поднесување на проекти за финансиски средства од ИПАРД 3 програмата.

Дополнително, до крајот на месецов се очекува да бидат склучени и последните 10 договори за Мерка 1 од претходно објавениот оглас, при што во целост ќе се заокружи процесот и ќе може да се распишат новите огласи за добивање на средства од Ипард 3 програмата.

 
 
 

Comments


Copyright Agrokultura Konsalting 2024 / Сите права се задржани Агрокултура Консалтинг 2024
 

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram
bottom of page