
За нас
Агрокултура Консалтинг е агенција за консултантски услуги основана во 2019та година примарно насочена кон областа на земјоделието. АГРОКУЛТУРА КОНСАЛТИНГ ги изработува сите видови на барања (субвенции, ИПАРД програми, Млад земјоделец, Рурална жена и други мерки од национална програма, евиденција во МЗШВ и т.н.), инвестициони програми и деловни планови за во банки , Ипард и Национална програма, услуги за прибирање на потребна документација(со овластување) , советодавни услуги за имплементација на правилник за продажба од куќен праг, проекти за рурален туризам и рурален развој. Освен подготовка на апликации, АГРОКУЛТУРА ви нуди и предлог семејни агробизниси со сите потребни информации околу почнување на бизнисот.

Нашата Цел
Нашата цел е релизација на вашите бизнис идеи, преку изработка на апликации за ИПАРД програмата, изработка на апликации за јавни повици на ФИТР, бизнис совети и сл.
Нашата Визија
Нашата визија вклучува развиток на домашните микро, мали, средни и големи компании, нудејќи највисоко ниво на професионализам и искуство во работењето со секаков вид на бизнис.


